Реализиран балканскиот велосипедски Пелистер Downhill Cup

Вести

Во Битола, на Пелистер минатата недела се оджа балканскиот велосипедски Downhill Cup. На патеката долга 2.100 метри и висинска разлика од 425 метри се натпреваруваа над 70 учесници.  Натпреварите беа спроведени по правилата на интернационалната и Македонската Велосипедска федерација.

Иако за поголема безбедност и стабилност поради дождот времето не им беше во прилог, сепак не изостанаа адреналинските брзини и скокови. Неизбежни беа и вознемирувачките падови но тоа е дел од оваа брутална кагегорија на натпревари.

Организаторот во соработка со спонзорите и партнерите обезбеди награди за најдобрите три времиња од сите категории:

Првото најдобро време беше наградено со 400 евра и ја освои Стивиан Гатев од Бугарија со време 3:21:647.Второ место, Александрос Топкароглу со време 3:25:237 и парична награда од 200 евра, а третото место му припадна на битолчанецот Александар Николовски со време 3:29:430 и парична награда од 100 евра.

На трката имаше натпреварувачи од Србија, Грција, Бугарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Велика Британија и од Македонија.

Фото Петар Тасевски

 

Previous Post
Планинарите кои го искачуваат Монт Блан ќе мора да имаат задолжителна резервација во планинарските домови
Next Post
Опрема за планинарење
Menu