Почетоците на ски центарот датираат од 1964 кога се изградени првите стази под едносед и двосед жичарите.  Основан од Заре Лазаревски чие име денес го носи ски центарот. Сместен на падините на Бистра на 1240м надморска височина на бреговите на Мавровско езеро и е дел од Националниот парк “Маврово”.

Центарот е еден од најживописните и најпривлечни ски центри во Македонија распослан на планината Бистра. Центарот располага со бројни уредени патеки за пешачење и планински велосипедизам. Регионот располага со повеќе хотели од различни категории како и мали населби во с.Маврово, с.Леуново, Никифорово, Маврови Анови кои го опкружуваат Мавровско езеро каде што има голем број на викендици и планиниски куќи каде може да се најде евтино приватно сместување и кои допринесуваат да има туристи во текот на цела година, а е одалечен само 100 км од главниот град, Скопје. Ноќите може да ги поминете во неколкуте ресторани и клубови во близина на ски центарот како и во околината на Мавровското езеро.

На територијата на паркот посебно на планините Кораб (2764м), Бистра(2163 м), Стогово (2318м), Крчин (2.341 м) постојат идеални услови за турно скијање- freeride skiing кое што е хит во светот.

Националниот парк “Маврово„ работи на обезбедување на идеални услови за туристите кои ќе ги користат овие патеки во иднина, а воедно истите ги промовира на повеќе значајни саеми ( на почетокот на 2011г. беа посетени меѓународните саеми за туризам во Берлин, Истамбул и Тел Авив). Моментално во соработка со Македонската асоцијацијата на професионални водачи во планина се подготвува екипа од 10 локални професионални водaчи кои ќе ги услужуваат туристите кои ќе бараат вакви услуги.

Време и Веб Камери

Време и Веб Камери ...

Лифтови и Стази

Лифтови и Стази

Menu