Скијачкиот центар Отешево (Суво Поле) се наоѓа на планината Галичица. Поделен е на два дела – едниот дел е на југоисточната падина кон врвот Лако Сигној (1.984 м), а другиот дел од овој ски-центар е на спротивната страна, на југозападната падина кон врвот Томорус (1.675 м). Центарот е сместен во реонот на Суво Поле, на базна висина од 1.480 м, а највисоката завршни точка е 2.150 м.

Планираниот проект за реновирање вклучува инсталација на 8 нови ски-лифта и жичница, како и нови ски-патеки со должина од 12 км. Исто така, потенцијални нови патеки, посебно за фрирајд-скијање и сноубординг има на потегот од северната страна на Стара Галичица, под врвовите Магаро (2.252 м) и Кота Ф10 (2.265 м). Тоа се области што се карактеризираат со снег што се задржува подолго време во текот на зимскиот период, кои делумно и сега се користат од авантуристи што бараат повеќе адреналин. Овие предели се тешко достапни, особено во зимски услови, и до нив може да се пристапи само пеш.

Време и Веб Камери

Време и Веб Камери ...

Лифтови и Стази

Лифтови и Стази

Menu